Достапни линкови

logo-print

Препукувањата не се добри за зрела демократска атмосфера


Партиските препукувања преку медиумите, поставувањето на прашања од една партија и барањето на одговори од друга, не води кон развој на зрела демократска атмосфера во која на претстојните избори, граѓаните релаксирано би гласале за одредена политичка опција, оценуваат аналитичарите.

„Тоа е само форма што може да значи одреден рејтинг за едно ниво на политичка свест и совест на група граѓани. Но, од друга страна тоа е сепак феномен што води кон заострување на политичката атмосфера во земјата и не дава простор за смирено определување на граѓаните за опциите што постојат во политиката,“

објаснува политикологот Хисен Рамадани.

Според него, потребно е воспоставување на некаков механизам за повремени консултации меѓу партиите околу прашања кои се клучни за општествениот развој.
Таква форма би можела да биде институцијата председател или некое друго тело што би имало советодавен карактер за партиите на позиција и опозиција, вели Рамадани, додавајќи дека условното војување на партиите преку прес конференции, не им носи политички поени.

„Лично мислам дека некои од нив повеќе се компромитираат повеќе отколку што добиваат.“

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, партиските препукувања преку медиумите се резултат на недовербата во институциите на правниот систем.

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ не им веруваме многу на господинот Прчевски и на јавното обвинителство, и затоа на прес конференции пробуваме да ја информираме јавноста со сите криминални дејства и мотиви на корупција на актуелната власт во Република Македонија,“

изјави Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

За Социјалдемократите, поставувањата на прашања и барањето одговори од друга партија, преку прес конференции, не значи партиски препукувања.

„Апсолутно не гледам дека е некое препукување кога СДСМ изнесува свои политички ставови или коментари во јавноста. Ако тоа некого го нервира и провоцира, па го спушта нивото на комуникација, тоа не е проблем на СДСМ,“

изјави портпаролот на СДСМ, Борис Кондарко

Аналитичарите предупредуваат дека ваквиот политички дијалог меѓу партиите во земјава, ја заострува политичката атмосфера во земјата, свртувајќи го вниманието на граѓаните кон прашања што воопшто не се важни за нивната политичка определба.
XS
SM
MD
LG