Достапни линкови

logo-print

Финансирањето на т.н. Охридска Ахриепископија е своевиден криминал


Српската влада вчера и официјално призна дека ја финансира испоставата на Српската правослвна црква во Македонија, таканаречената Охридска архиепископија на расколникот Јован Вранишковски. Според некои експерти во Белград, станува збор за своевиден криминал.

Во соопштението на српското Министерство за вера, чиј документ вчера беше презентиран од страна на Македонската православна црква, а со кој се покажува дека ова министерство го финансира Вранишковски се наведува, цитираме: ,,Со повремени донации на епархиите на Српската црква надвор од Србија и Црна Гора, влада дава придонес за развојот на верската култура во регионот и им помага на соседните земји во негувањето како на културниот, така и на верскиот плурализам,,. Српското министерство додава дека со тоа ја спроведува и својата должност да помага во заштита на црковното и културно наследство. Но, дали ова е е вообичаен начин на помагање? Еве што за тоа вели Никола Самарџиќ, професор на Филозофскиот факултет во Белград:

„Во српската влада постои еден талибански сектор кој, во соработка со Српската православна црква, настојува да предизвикува нестабилност во соседните држави, како и во самата Србија. На тој начин би можело да се разбере и помошта на Охридската архиепископија што владата на Србија ја обезбедува преку даноци што граѓаните на Србија ги плаќаат за да се издржуваат владините институции. Тое е криминал, и не знам како поинаку да го објаснам.“

Вели професор Самарџиќ, наведувајќи дека станува збор за мешање во внатрешните работи на друга држава.

„Секуларизмот подразбира целосна одвосеност на црквата од државата или на државата од црквата. Владата нема право, на таков начин, да влијае врз верските заедници и да се плетка во конфесијата на верниците како што ни на владата на Србија не би и било за право доколку некои странски влади се мешаат во активноста на верските заедници во Србија. Тоа, исто така, би било криминално дело.“

Вели професор Никола Самарџиќ во врска со тоа што српската влада призна дека од буџетски средства ја финансирала црквата на Вранишковски во Македонија.
XS
SM
MD
LG