Достапни линкови

Опозицијата незадоволна


Предлог изборниот законик кој предизвика низа реакции кај опозициските партии денеска влегува во својата втората фаза, што подразбира негово разгледување и утврдување на владина седница. Опозициската ВМРо-ДПМНЕ со став дека предложениот изборен законик не ги исполнува основните демократскистандарди.

„Главните забелешки на ВМРО-ДПМНЕ се во делот на пребројувањето и во избирачките одбори да се задржат претставниците на сите политички партии. Тоа се нашите главни забелешки кои не се прифатени и тоа не наведува да заклучиме дека оваа влада има нешто да скрие и не сака изборите да бидат онакви за какви што постојани зборуваат,“

изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-Народна партија велат дека дел од забелешките на кои тие укажале во првата фаза се прифатени, но очекуваат дека втората фаза ќе се реализираат сите забелешки. Составот на избирачките одбори за кој се предлага да го сочинуваат претставници на државната администрација, за ВМРО-Народна е неприфатливо:

„Избирачките одбори мора да бидат професионални, да не бидат обременети со партиски војници, затоа што тоа е подлога за стварање недемократски процеси во самиот изборен процес, тоа е подлога за фалсификат и реализирање на избори кои не може да добијат пиетет – демократски. Партиите не треба да се исклучат, но тие треба да бидат во форма на набљудувачи кои може да имаат свои забелешки кои треба да бидат валидни и прифатени од повисоките инстанци во изборниот процес,“

изјави Ѓорги Оровчанец од ВМРО-Народна.

Според Џемаил Саити од Демократската партија на Албанците , предложениот изборен законик треба да претрпи одредени измени.

„Ние не сме против професионализација на изборните органи. Но ДПА смета дека тоа треба да се случи постепено,“

вели Саити.

Од министерството за правда информираат дека доколку Владата промени некои решенија на денешната седница, министреството ќе ги прифати истите. По утврдувањето на текстот на законот на владина седница, тој ќе биде доставен до Собранието.
XS
SM
MD
LG