Достапни линкови

logo-print

Варшава: Пораст на цената на пилешкото месо по пронаоѓањето на првите случаи птичји грип


Првите три случаји на зараза на лебеди од птичјиот грип во градот Торуњ на северот на Полска парадоксално предизвикаа пораст на цените на пилешкото месо за 10 до 15 насто и раст на акциите на живинарските фарми. Според Рајмуд Пачковски од полското живинарско здружение, тоа е така затоа што нови жаришта веќе не предизвикуваат паника и сензација. Со приближувањето на птичјиот грип во Полска беа намалени јатата, а полјаците купуваат од големите фарми затоа што веруваат во строгата контрола и заштита.
XS
SM
MD
LG