Достапни линкови

Оскарот за нискобуџетниот Креш


Во Холивуд изненадување. Ноќеска на 78 то доделување на најпрестижната филмска награда во светот Оскарот го доби нискобуџетниот Креш филм изработен од независна продукција. Фаворитот, приказната за каубојците хомиосексуалци кој имаше осум номинации го доби Оскарот за режија.

Ова беше гласот на славниот актер Џек Николсон кој објави дека Краш нискобуџетната незевисна продукција го доби Оскарот за најдобар фил на 78 доделување на наградата во Холивуд. Краш е приказна за расните предрасуди и стравот во Лос Анџелес. Одлуката е своевидно изненадување затоа што нашироко се очекуваше дека овогодишен оскаровец ке биде Хомосексуалната каубојска романса Броукбек Маунтајн.

Овој филм ја освои наградата за најдобра режија која како што објави актерот Том Хенкс отиде кај режисерот со тајванско потекло Енг Ли.

За најдобар филm од странско говорно подрачје е пргласен јужно африканскиот филм Тзотзи приказна за ганстер кој доби шанса за ресоцијализација. Во категоријата на актерите Оскарот за најдобра машка улога го доби Сијмор Хофман за улогата во Капоте сторија за американскиот писател Труман, а најдобра глумица е Рис Витерспун за улогата на жената на легендарната музичка легенда Џони Кеш.
XS
SM
MD
LG