Достапни линкови

logo-print

Багдад: Најмалку десетмина загинати во верските судири по укинувањето на полицискиот час


Во најновата ескалација на верските судири во Ирак, по денешното укинување на целодневниот полициски час, загинале најмалку девет луѓе, додека повеќе од дваесет биле ранети. Станува збор за два одвоена напада. Првиот бил извршен со минофрлачка граната врз еден пазар во близина на Багдад, додека вториот се случил на полициски контролен пункт кога експлодирал автомобил бомба. Бранот верски насилства избувна откако беше крената во воздух шиитската џамија во Самара.
XS
SM
MD
LG