Достапни линкови

Македонија во 2005 со рекорден пораст на извозот


Извозот во земјава лани е зголемен за 21,8 насто, во однос на 2004-тата или надмина две милијарди долари. Ова е најголем пораст на стапката на извоз од осамостојувањето на Македонија, констатира премиерот Владо Бучковски на денешната конференција посветена на унапредување на извозот, а во организација на американската агенција за развој и Министерството за економија:

„Овие позитивни податоци се резултат на конкретни преземени чекори за либерализација на трговијата и унапредување на извозот,“

рече Бучковски.

Тој ги спомена преземените мерки, како новиот царински законик, што почна да се употребува годинава, намалувањето на каматните стапки, зголемувањето на капацитетот на јавната администрација и слично. Со свое обраќање на конфереинцијата и Рирачрд Глобран од Ју Ес Еид:

„Американската агенција за меѓународен развој е обврзана да ја поддржи Македонија и нејзините напори во насока на развој. Она што ви е неопходно е да продолжите со привлекување странски инвестиции, тоа и недостасува на Македонија.“

На конференцијата беше презентиран и извештајот за надворешна трговија, што се објавува втора година по ред.
XS
SM
MD
LG