Достапни линкови

logo-print

Едно лице загинало, а едно потешко повредено


Едно лице загинало, а едно е потешко повредено, во акцијата на Министерството за внатрешни работи што утринава била спроведена во скопското село Кондово, против вооружена група, обвиниети за тероризам и тешки кривични дела, за што биле барани по потерници. Трите лица, Ерван Џафери, Фатмир Љури од Македонија, како и Гега Сокол кој бил албански државјанин, биле лоцирани во приватна куќа во селото, а врз нив полицијата пукала во самоодбрана, информираше советникот з а односи со јавноста во МВР Горан Павловски.

„Соочени со напад врз себе, во ситуација на самоодбрана, припадниците на полицијата испукале неколку куршуми кон Џафери и Љури, при што првиот им подлегнал на повредите, а Љури се здобил со тешки телесни повреди, додека врз третото лице Сокол не е пукано затоа што постапил според наредбите на службените лица.“

Што се однесува за причините за преземање на акцијата, односно делата за кои се обвинети тројцата од вооружената група, Павловски соопшти:

„Ерван Џафери против него се поднесени крвични пријави за сторени 192 кривични дела, баран по четири потерници, бегалец од Идризово и осомничен дека на 10 октомври фрлил рачна бомба на улицата Дижонска врз тројца припадници на полицијата. Повредениот Љури Фатмир е пријавен за кривични дела за тероризам и подготвување тероризам. Гега Сокол албански државјани, е пријавен за кривични дела тероризам, казнување за подготвување на тероризам и осомничен за други тешки кривични дела сторени на подрачјето на Тетово, за кои допрва ќе се работи и допрва треба да се расчистуваат.“

При акцијата на полицијата во куќата е пронајдено поголемо количество оружје, пушкомитралез, рачна бомба, автоматска пушка, еден пиштол и муниција. Од Министерството за внатрешни работи велат дека денешната акција била насочена исклучиво против сторители на кривични дела и оти настанот не е поврзан со кондовските случувања од пред две години. За безбедносната ситуација во селото, Павловски изјави:

„Мора да се има предвид дека повредениот е жител на Кондово, веројатно има некоја реакција од мештаните, но она што е битно е дека ова е акција насочена кон изолирана група сторители на кривични дела без разлика на етничка или друга некоја припадност.“

вели Павловски.
XS
SM
MD
LG