Достапни линкови

Приштина: Оставката на Косуми нормална демократска процедура оценува Петерсен


Шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен во врска со оставката на премиерот на Косово Бајрам Косуми оцени дека станува збор за нормална демократска процедура. Петерсен на идниот косовски премиер му препорача да ја забрза имплементацијата на стандардите, бидејќи тоа, како што додава, ќе има силно влијание врз исходот од процесот за решавањето на идниот статус на Косово. За нов премиер е предложен командантот на Косовскиот заштитен корпус Агим Чеку.
XS
SM
MD
LG