Достапни линкови

Карачи: Најмалку петмина загинати во два напади со автомобили бомби


Најмалку петмина загинати и пеесетина повредени е билансот од двата напада со автомобили бомби во пакистанскиот град Карачи, јавија агенциите, додавајќи дека нападите се случиле во близина на американскиот конзулат. Меѓу загинатите имало и еден американски дипломат, но неговиот идентиет не бил соопштен. До овие напади дојде само два дена пред најавената посета на американскиот претседател Џорџ Буш на Пакистан. Тој на прес конференцијата во Њу Делхи изјави дека овие напади нема да го поколебаат во намерата да престојува во таа земја.
XS
SM
MD
LG