Достапни линкови

Њу Делхи: Индија и САД постигнаа договор за нуклеарна соработка во цивилни цели


Индија и Соединетите Држави постигнаа договор за нуклеарна соработка во цивилни цели, соопштија на денешната заедничка прес конференција во Њу Делхи американскиот претседател Џорџ Буш и индискиот премиер Манмохан Синг. Тие овој договор го оценија како историски. Доколку тој биде усвоен во американскиот Конгрес тогаш Индија ќе има пристап во американската цивилна нуклеарна технологија и ќе може да добива гориво за своите реактори од Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG