Достапни линкови

logo-print

Багдад: 14 загинати во експлозија на автомобил бомба


Ирачките власти соопштија дека во денешната експлозија на автомобил бомба во близина на Багдад загинале четиринаесет луѓе, додека десетици други биле ранети. Експлозијата се случила во област претежно населена од шиити. Во претходната експлозија што денеска се случи исто така во Багдад, загинаа три лица. Во изминативе неколку дена дојде до бран насилства меѓу шиитите и сунитите во Ирак во кои загинаа неколку стотици луѓе.
XS
SM
MD
LG