Достапни линкови

logo-print

Сите сме одговорни - власта најмногу, велат партиите


Декларативно сите политички партии во земјава велат нема да дозволиме нерегуларности на престојните парламентарни избори . Повеќето од нив ги започнаа контактите со нивното членсто и активисти на кои им се укажува оти не смеат да се однесуваат неодговорно при изборниот процес:

„Секако дека ќе одржуваме контакти со нашите активисти и со поширокиот електорат. Во овој правец веќе сме во подготовки на распоредот кој терен ќе се покрива, така да мислиме дека ова е интерес на граѓаните и на државата.“

„Јас мислам дека на сите политички партии им е јасно дека овие избори треба да бидат добро организирани, затоа што само со полагање на овој испит Македонија ќе може да се надева на подобра иднина.“


изјавија Рафиз Алити од ДУИ и Зуди Џелили од опозициската ДПА.
И во најголемата опозициска партија во македонскиот политички блок ВМРО ДПМНЕ велат, најголем приоритет за нас и за Македонија е одржувањето фер и демократски избори:

„Ја користиме секоја прилика за едуцирање на нашето членство, за тоа што значат изборите, како се одвива изборниот процес, какво однесување се очекува, исто така се укажува на потенцијалните опасности за нарушување на изборниот процес.“

изјави Гордана Јанкуловска генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ и шеф на изборниот штаб.
Одговорноста за организирање и спроведување фер и демократски избори е на владеачките партии, е ставот на опозициските ДПА и ВМРО ДПМНЕ .

„Незнам дали власта ќе има доблест да ги организира добро, затоа што повеќе ќе зависи од нив.“

„Сите субјекти кои учествуваат во изборниот процес имаат одреден степен на одговорност, но она што значи спроведување на изборниот процес е одговорност на онаа структура која во моментот ги има инструментите, така да власта дефинитивно е најодговорна за организирање на изборите.“


Рафиз Алити од владаеачката ДУИ пак, вели одговорноста е задничка на сите актери во изборниот процес:

„Неможе никој било од позиција или од опозиција да ,,избега,, од одговорност и мислам дека одговорноста е на сите.“

вели Алити.
XS
SM
MD
LG