Достапни линкови

Катар: Коминике со жалење за загубите од објавените карикатури


Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан и европските и муслиманските лидери денеска во Доха, главниот град на Катар, во заедничка изјава изразија жалење за објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед и за нередите и насилствата во исламскиот свет предизвикани од нив.
Во заедничката изјава Анан и другите лидери изразуваат длабоко жалење за навреденоста на муслиманите поради карикатурите на нивниот верски идол и за загубените човечки животи во протестите и материјалната штета во неколку земји. Генералниот секретар на 57-члената Организација исламска конференција Екмеледин Ихсаноглу, генералниот секретар на Арапската лига Амр Муса и министрите за надворешни работи на Катар, Турција и на Шпанија побараа од Кофи Анан заедничкото коминике да му го предаде на Советот на Обединетите нации за безбедност. Анан изјави дека содржината на коминикето ќе ја соопшти на Генералното собрание на ОН и дека земјите-членки ќе проценат дали да го преобразат во резолуција на Организацијата.
XS
SM
MD
LG