Достапни линкови

logo-print

Викторија: Повредени двајца минувачи во експлозија


Двајца минувачи се повредени ноќеска во баскискиот град Викторија при експлозија поставена пред врата од една банка, соопштија шпанските медиуми.
Никој не ја презеде одговорноста за експлозијата, но оружената сепаратистичка организација ЕТА честопати поставува бомби во банки или во канцеларии на фирми. Експлозијата се случила на влезната врата на банката. Луѓето од становите во истата зграда беа евакуирани за неколку часа, додека полицијата вршеше увид.
Неколку часа пред тоа десетици илјади жители на Мадрид излегоа на протести против намерите на социјалистичката Влада да преговара со ЕТА.
XS
SM
MD
LG