Достапни линкови

Багдад: Забранет сообраќај на автомобили во Багдад и околината


Во ирачкиот главен град Багдад и неговата околина денеска е во сила забраната за движење на автомобили. Оваа мерка ја наложи Владата со цел да се намали бројот на нападите на верска основа, во кои настрадаа стотици Ирачани во изминатите два дена. Ирачкиот министер за одбрана Саадун Дулајми синоќа изјави дека властите нема да се двоумат да употребат тенкови и други борбени средства за да воведат мир и ред во земјата и да го прекинат насилството. Во меѓувреме американскиот претседател Џорџ Буш телефонски ги повика шиитските, сунитските и курдските политички лидери со цел да влијае на намалување на насилствата.
XS
SM
MD
LG