Достапни линкови

Москва: Русија продолжува со обидите да го убеди Иран на компромисот за нуклеарната проограма


Русија денеска ги продолжува обидите за да го убеди Иран да го прифати компромисниот договор за неговата нуклеарна програма. Во Техеран престојува шефот на руската агенција за атмска енергија Сергеј Кириенко кој со иранските соговорници ги продолжува разговорите за предлогот збогатувањето на ураниумот да се врши на руска територија со што би се одбегнало стравувањето дека Техеран ќе развие атомско оружје. Доколку не се постигне договор, се очекува Вашингтон да продолжи да притиска Иран да се соочи со санкции од Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG