Достапни линкови

Решавање на демаркацијата на границата на Македонија кон Косово по решавањето на статусот


Јасна порака од самитот на НАТО во Рига, очекуваат македонскиот министер за одбрана и албанскиот, Јован Манасиевски и Фатмир Медиу за членството на овие земји во НАТО. Соработката меѓу министерствата и армиите на двете земји се на највисоко ниво, оценија Медиу и Манасиевски:

„Верувам дека на самитот во Рига ќе има конкретно оценување на сето она што сме го направиле и една јасна определба во однос на проширувањето на НАТО. Сакам да му честитам на мојот колега Манасиевски за успешните резултати во реформата. Ова не се зборови на куртоазија, туку вистински зборови, тоа е оценка и на членовите од Брисел кои пред два дена беа во Тирана.“

„Заеднички констатиравме дека првиот конректен напор за заедничко учество во НАТО предводените операции, преку медицинскиот тим е повеќе од успешен. Оценките се инзвонредни и се договоривме на нашите вооружени сили во наредниот период да им дадеме задача да излезат и со поамбициозен предлог за заедничко идно учество во НАТО предводените операции. Покрај тоа разменивме мислења и за состојбите во регионот. И Македонија и Албанија се силни застапници на силна регионална соработка и токму во текот на наредните месеци ќе се одржат и две мошне значајни трилатерални средби, едната меѓу Албанија, Македонија и Бугарија и втората меѓу Албанија Македонија и Грција.“


Албанскиот министер за одбрана во Скопје го повтори официјланиот став на Албанија во однос на косовското прашање и препорача демаркацијата на граничната линија меѓу Македонија и Косово да се реши по финалниот статус:

„Се разбира албанска позиција е почитување на независно Косово со почитување на правата на малцинствата на Косово и почитување на меѓународните граници. Значи, што се однесува до границата мислам дека ќе биде најдобро овие активности да се одржат по решавањето на конечниот статус на Косово.“

Во рамките на посетата албанскиот министер за одбрана Медиу се сретна и со македонскиот премиер Владо Бучковски и со началникот на генералштабот на АРМ генерал мајорот Мирослав Стојановски.
XS
SM
MD
LG