Достапни линкови

Техеран: Иран го отфрла рускиот предлог ураниумот да се збогатува на руска територија


Иран соопшти дека не го отфрла рускиот предлог ураниумот да се збогатува на руска територија, иако има уште неколку прашања кои треба да бидат решени. Ова денеска во Индонезија го изјави шефот на иранската дипломатија Манушеир Мотаки. Во Техеран од денеска во неколкудневна посета ќе престојува шефот на руската агенција за атомска енергија Сергеј Кириенко. Рускиот предлог има за цел да го намали стравувањето дека Иран би произвел нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG