Достапни линкови

Бакуба: 12 загинати во експлозија на бомба


Во експлозија на бомба во Бакуба – Ирак денеска загинаа 12 лица од кои 8 војници, а најмалку 21 лице беа повредени. Ирачката полиција пак соопшти дека најмалку 54 лица се убиени во Багдад во одвоени инциденти во изминатите 24 часа по силната експлозија која ја оштети најсветата шиитска џамија во Ирак Ал Аскари што предизвика секташко насилство во земјата. Во Басра пак се убиени 25 лица. Како што јавуваат агенциите, нападнати се сунитски храмови во земјата. Десетици илјадници луѓе одржуваат протести ширум Ирак каде што е прогласена три дневна жалост поради нападот на џамијата Ал Аскари.
XS
SM
MD
LG