Достапни линкови

logo-print

Самара: Разнесена куполата на еден од најпознатите шиитски храмови


Силна експлозија ја разнесе златната купола на еден од најпознатите шиитски храмови во ирачкиот град Самара. Ирачките безбедносни сили соопштија дека вооружен напаѓач влегол во храмот, ги заробил чуварите и го поставил експлозивот. Американските и ирачките сили се во потрага по сторителот. По екплозијата, иладници демонстранти бараа казнување на виновниците, а ирачкиот премиер Ибрахим Џафари прогласи три-дневна жалост. Во храмот во Самара се наоѓаат гробниците на 10-тиот и 11-тиот имам, потомци на пророкот Мухамед.
XS
SM
MD
LG