Достапни линкови

logo-print

Придобивка за граѓаните и поефикасно функционирање на администрацијата


Управната постапка од осамостојувањето на Македонија се води целосно пред Врховниот суд. Формирањето на Управен суд е придобивка за граѓаните, ова е коментар на судиите за новиот предлог за формирање на ваков специјализиран суд

„И управната постапка е животна постапка, таму се прашања од секојдневниот живот, од упис во матична книга на родени, до даноци, здравство итн. Значи, секојдневни потреби. Граѓаните носат по 1,5 милион управни акти годишно и до формирање на таков суд ќе се отвори државата и ќе се запре политичкото поставување на државни службеници,“

изјави претседателот на Врховниот суд, Дане Илев кој објаснува дека со ова државната администрација од која граганите бараат низа на документи ке стане поефикасна. Дека Врховниот суд е неажурен говори токму бројот на нерешни управни спорови. Неколку години наназад овој суд годишно ја завршува работата со нерешени околу пет илјади предмети од кои што четири илјади се управни, а за да се реши еден ваков спор потребни се две до три години. Управниот суд ќе одлучува и во случај на спор за поединечни акти донесени во време на избори. За тоа што се постигнува со усвојување на закон за управни спорови говори професорт по управно право на правниот факултет во Скопје, Борче Давитковски:

„Сите овие нови пара државни органи или органи формирани од Собранието или изборните органи, сега странските незадоволни од тие органи директно ќе бараат заштита пред Управниот суд.“

Управни судови постојат во сите европски земји, освен во Македонија и Србија и Црна Гора

„При изготвувањето на Законот користевме искуства од Словенија, Хрватска, БИХ, Бугарија. Во работната група учествуваа екперти од Советот на Европа,“

изјави Цветан Ангелески од министерството за правда кој е член на работната група за изработка на законот за управни спорови
XS
SM
MD
LG