Достапни линкови

Москва: Преговорите меѓу Русија и Иран завршија без напредок


Дводневните руско – ирански преговори посветени на иранската нуклеарна програма, завршија денеска без особени знаци на напредок, но тие ке бидат продолжени во Иран, јавија руските медиуми. „Би бил внимателен во однос на термините „неуспех“ и „назадување“, додека преговорите траат, рече рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој потенцираше дека преговорите и понатаму продолжуваат. Директорот на руската агенција за атомска агенција, Сергеј Кириенко, во четврток ќе отпатува во посета на Иран, каде треба да го обнови меѓусебниот дијалог, што се смета за последна шанса на Иран, да ги избегне меѓународните санкции. „Русија прави се за Иран да добие можност за излез од сложената ситуација“ изјави Кириенко за „РИА Новости“. Претседателот на иранската делегација Али Хусеини Таш, за иранската телевизија Ал Џезеира, за разлика од руските челници, даде пооптимистички изјави велејќи дека „разговорите биле позитивни и конструктивни и очекува нивно продолжување“.
XS
SM
MD
LG