Достапни линкови

Белград: Медиумите јавија дека Ратко Младиќ е уапсен, владата демантира


Српската влада демантираше дека вечерва е уапсен поранешниот командант на босанските Срби Ратко Младиќ. „Веста за апсењето на Младиќ не е точна“, изјави шефот на Канцеларијата Срѓан Ѓуриќ. Тој додаде дека станува збор „за дезинформација која само нанесува штета и не придонесува на напорите на Владата соработката со Хашкиот трибунал да биде доведена до крајот“. Претходно српските и босанските медиуми јавија дека Ратко Младиќ е уапсен во Белград и дека наскоро ќе биде испорачан во судот во Хаг.
XS
SM
MD
LG