Достапни линкови

Виена: Разговорите за Косово продолжуваат на 17 март во Виена


Без конкретни резултати попладнево во Виена заврши првата рунда директни преговори меѓу Србите и косовските Албанци за конечниот статус на Косово. Разговорите што траеја два дена беа посветени на децетрализацијата и на истата тема ќе продолжат на 17 март, повторно во австриската престолнина. Австрискиот дипломат Албер Рохан, заменик на специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за косовските преговори Марти Ахтисари, на завршната конференција за новинари во Виена оцени попладнево дека првите директни контакти на двете делегации за „практични прашања“ минале во духот на соработка, но не го решиле идниот статус на Косово.
XS
SM
MD
LG