Достапни линкови

logo-print

Молдавија сака да се приклучи кон Западниот Балкан


Македонија има посредни, но коректни билатерални односи со Република Молдавија, а политичкиот интерес за соработка е поголем од молдавска страна, бидејќи на тој начин таа ја остварува својата идеја за приклучување кон Западниот Балкан, вака државниот советник во Министерството за надворешни работи, Благој Зашов ги оценува односите меѓу двете земји:

„Во секој случај биле коректни, но недоволни и Молдавија е заитересирана да фати приклучок кон овој регион и на тој начин да се отргне од сверата на влијание на Русија и сака да се приближи кон ЕУ, со што би влегла во ова што Европската Унија го предлага како економска зона или зона на слободна трговија меѓу овие земји од Западен Балкан.“

објаснува Зашов.

Според него, економски, молдавскиот пазар може да биде интересен за македонските раноградинарски производи како и за хемиски производи и индустриски стоки за кои Молдавците покажуваат голем интерес:

„Може да се извезуваат некои раноградинарски земјоделски производи, виното не би можело бидејќи Молдавија е позната по вино, но би можеле некои сорти што тие ги немаат. Некако имам впечаток дека немаме директни контакти и досега се одело или преку Бугарија или преку Романија, пред се мислам на трговци кои посредуваат при купувањето на стока од Македонија и носењето во Молдавија и обратно.“

Дека непостоењето на директни односи со Молдавија ја попречува економската соработка со оваа земја потврдува и првиот човек на Сојузот на стопански комори на Македонија, Венко Глигоров:

„Станува збор за мал пазар, а плус и комуникациските врските се многу лоши, нема авиопревоз, а тоа е многу битно за одредена соработка. Тој пазар е исто така мал и има низок бруто домашен производ.“

изјави Глигоров.

Од Министерството за надворешни велат дека доаѓањето на молдавскиот претседател Владимир Воронин е позитивно, зошто претставува обид за зацврстување и продлабочување на постоечките односи меѓу двете земји кои се застапувани преку амбасадите во Софија.
XS
SM
MD
LG