Достапни линкови

logo-print

Москва: Започнаа руско-ирански преговори


Во Москва започнаа руско иранските разговори во обид да се постигне договор за рускиот предлог за иранската нуклеарна програма. Русија предложи збогатувањето на ураниумот да се врши на нејзина територија за да се обезбеди дека Иран нема да развие нуклеарно оружје. Денешните разговори би можеле да бидат последна шанса да се реши проблемот и Техеран да ги одбегне санкциите на Западот. Шефот на иранската дипломатија Манушер Мотаки изјави дека се уште има време да се постигне време компромис со западните земји за нуклеарната програма на Техеран.
XS
SM
MD
LG