Достапни линкови

Во Македонија за сега нема птичји грип и кравјо лудило


Уште два лебеда од соседна Грција, се заболени од птичји грип. Во меѓувреме и Словенија го потврди првиот случај. Заради заканите од оваа зараза, Владата на Република Македонија на донесе одлука да се формира Национален пандемски комитет, кој би функционирал доколку дојде до појава на птичји грип во земјава.
Во меѓувреме веќе подзаборавеното кравјо лудило станува актуелно по првиот случај во Хрватска. Вчера хрватското министерство за земјоделство објави дека мострите од заболената крава ќе се испратат на анализа во Британија.

Директорот на Ветеринарната Управа Слободен Чокревски објаснува дека има систем на механизми за заштита од кравјо лудило.

„Во сите цертификати кои што доаѓаат тие се поделени според ризикот. Има наредба од кои земји може да се увезуваат говеда и приозвди од говеда. Има дека гарантираат дека говедата потекнуваат од земји каде што не постои ризик и каде се вршат испитувања.“

Увезеното говедско месо не се тестира во земјава, туку во земјите од каде се увезува. А за домашните говеда Чокревски додава:

„Сите говеда кои што доаѓаат на колење, имаме национална лабараторија, се зема мостра и се испитуваат, а месото се пушта во промет дури тогаш кога ќе се утврди дека се е во ред.“

Кравјото лудило е ретка и ралативно нова болест. Сознанијата се уште се ограничени. За прв пат се појави во Велика Британија во 1986-тата година, каде се регистрирани и случаи на заболени луѓе. Најголемиот проблем со дијагностицирањето е што периодот на инкубација е долг, 4 до 5 години, па дури потоа се јавуваат симптомите. Експертите од Светската Здравствена Организација велат дека најризично е да се конзумира мозокот и коскената срж на животното. Чокревски објаснува дека пренесувањето на оваа зараза од говедо на човек е поврзана и со генетскиот материјал на луѓето.

„И самата болест е специфична затоа што треба да има одредена генетска предиспонираност на групата луѓе или нацијата.“

додава директорот на Ветеринарната Управа.
XS
SM
MD
LG