Достапни линкови

logo-print

Пешавар: Тројца загинати пакистанци во муслиманските протести


И покрај напорите на еврокомесарот Хавиер Солана да го смири гневот околу карикатурите на пророкот Мухамед, продолжуваат протестите на муслиманите во светот. Во пакистанскиот град Пешавар тие запалија еден Ка Еф Це ресторан, а во немирите имало тројца загинати и над четириесетина повредени. Протести имало и во други пакистански градови, како и на Филипините. Во меѓувреме, Солана кој е на турнеја по Блискиот Исток, во Аман денеска се состана со јорданскиот крал Абдула.
XS
SM
MD
LG