Достапни линкови

Загреб: Баросо и Рен на турнеја низ Западен Балкан


Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Барозо и комесарот за проширување Оли Рен денеска ја почнуваат турнејата по земјите од Западен Балкан со цел, како што е соопштено во Брисел, да ја потврдат европската перспектива на регионот. Барозо кој прв пат доаѓа во регионот изјави дека за таа цел Унијата е подготвена да помогне во спроведувањето на политичките и економските реформи на Балканот. Барозо и Рен денеска ќе престојуваат во Хрватска, утре ќе ја посетат Србија и Црна Гора, а в петок во Македонија, Албанија и Босна.
XS
SM
MD
LG