Достапни линкови

Земјите од Јадранската група напредуваат кон НАТО


Членките на Јадранската повелба: Македонија, Албанија и Хрватска напредуваат кон НАТО. Ова во Вашингтон го оцени потсекретарот за политички прашања во американскиот Стејт Департмент Николас Барнс, по неговата средба со министрите за надворешни работи на трите балкански земји.

Сите три земји постигнаа многу добар прогрес, изјави Николас Барнс, третиот човек во Стејт Департментот, инаку, задолжен за политички прашања, додавајќи дека Вашингтон е задоволен од таквиот напредок. Тој притоа наведе дека Соединетите Држави како нивен партнер во Јадранската група очекуваат Македонија, Албанија и Хрватска да ги продолжат реформите за постигнување на критериумите на Алијансата. Земјите од Групата пак очекуваат од Вашингтон да го поддржи нивниот што поскорашен прием во НАТО. Трите земји се надеваат дека ќе биде поканети да и се приклучат на Алијансата најдоцна до две илјади и осмата година и очекуваат за тоа да добијат јасни сигнали од самитот на НАТО што во ноември годинава треба да се одржи во Рига. Министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија и Хрватска го изразија уверувањето дека, имајќи ги предвид нивните достигнувања во во врска со НАТО стандардите, регионот заслужува да го добие таквиот сигнал во Рига. Запрашан за тоа кога овие три земји би можело да бидат поканети во НАТО, потсекретарот Брнс изјави дека Алијансата се уште нема донесено одлука за тоа.,,Вашингтон го поддржува процесот на проширувањето на НАТО, изјави Брнс, додавајќи дека натамошен наредок околу ова прашање би можело да се очекува во наредните две години. Во меѓувреме, како што изјави тој, Соединетите Држави очекуваат трите земји да ја продолжат демократизацијата и борбата против корупцијата. Потсекретарот Николас Брнс ја изразил, како што јавувуваат агенциите, и желбата на Вашингтон овие трие држави да бидат повеќе инволвирани во мисиите на НАТО. На состанокот била искажана оценката дека учеството на комбинираниот медицински тим во Авганистан е најдобар доказ за оспособеноста на партнерите да придонесуваат кон остварувањето на заедничките цели на Алијансата. Инаку, на разговорите во Вашингтон беше најавено дека во април годинава Хрватска планира состанок на членките на Јадранската повелба на кој ќе учествуваат и трите балтички држави, а со цел да се искористат нивните искуства на патот за зачленување во НАТО. Шефовите на дипломатиите на Македонија, Албанија и Хрватска во Вашингтон имаа кратка средба и со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.
XS
SM
MD
LG