Достапни линкови

logo-print

Средба Буш - Анан


За денеска во Вашингтон се предвидени разговори меѓу генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан и американскиот претседател Џорџ Буш. Една од главните теми гневот на муслиманскиот свет за карикатурите на пророкот Мухамед.

Анан и Буш, како што е најавено, ќе разговараат и за ситуацијата во Ирак откако вчера владејачката шиитска алијанса го наименува привремениот премиер Ибархим Џафари за претседател на првата ирачката влада со целосен мандат. Двајцата соговорници нема да ја избегнат и контроверзната иранска нуклеарна програма. Впрочем, за повеќето посматрачи денешната средба во Белата Куќа ќе била посветена токму на ова прашање. Особено ако се има предвид фактот што во наредниот месец Иран би требало да се најде пред Советот за безбедност на Обединетите Нации за можни санкции, доколку Техеран не се откаже од програмата за збогатување на ураниумот. Сепак, како една од главните теми на разговорите Анан Буш се спомнуваат протестите на муслиманите во светот по објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во некои западни медиуми, откако тоа во септември лани прв го стори данскиот весник ,,Јиландс Постен,,. Официјален Вашингтон е на став дека најновите протести би можело да излезат од контрола.

„Постојат влади кои ја користат оваа можност да иницираат насилство. Јас не се сомневам дека сиријската влада и иранската влада всушност ги подгреваат страстите и тоа го користат за сопствена цел. “

Оценува американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која од овие две влади побара да дејствуваат одговорно во смирување на ситуацијата.
Со ист тон е и енералниот секретар Анан кој во синоќешното интервју за данската телевизија карикатурите ги оцени за бесчувствителни, па дури и за многу навредливи. Тој ги осуди и насилните протести на муслиманите како реакција на карикатирите на Мухамед. Сето, ова според Анан, е резултат од растечките тензии меѓу муслиманскиот и западниот свет по терористичките напади врз Соединетите Држави во септември две илјади и првата година. Генералниот секретар Кофи Анан затоа и побара сегашната, како што вели, мегафон дипломатија треба да биде заменета со мирен меѓусебен разговор.
XS
SM
MD
LG