Достапни линкови

logo-print

Солун: Силна контрола во регионите со птичји грип


Градот Солун и неговата околина, како и островот Скирос во Егејското море каде беа потврдени случаи на птичји грип од патогената форма Х5Н1 и денеска се под силна контрола. Мерките препорачани од Европската комисија кои предвидуваат воспоставување на заштитна зона во радиус од три километри и зона на зајакната контрола во круг од 10 километри од местото каде се пронајдени мртви птици, се применуваат во Солун и на Скирос. Примерокот на дива гуска заразена со вирусот Х5 пронајдена на Скирос, вчера е пратен во надлежната британска лабораторија, која за една недела треба да утврди за кој тип на вирусот се работи. Европската комисија соопшти вчера дека на примерокот на три угинати лебеди пронајдени во местото Катерини, кај Солун е потврдено присуството на високопатогениот облик на вирусот на птичји грип Х5Н1. Европската комисија, според податоците од британската лабораторија потврди и случаи на птичји грип во Бугарија и Италија.
XS
SM
MD
LG