Достапни линкови

Никола Поповски, министер за финансии. Структурните реформи напредуваат, потребна е дисперзија на придобивките од економскиот раст


Господине Поповски, статистичките податоци покажуваат извесен напредок на економски план во минатата 2005 година, во однос на претходните години. Се зборува за намалување на бројот на невработените, пораст на БДП за 4 насто. Кога реално ова ќе се почувствува меѓу граѓаните во секојдневниот живот?

Веќе три години по ред податоците за економската состојба имаат нагорен тренд. Интересно е вашето согледување, кога овие резултати ќе ги почувствуваат сите граѓани на Република Македонија. Треба да очекуваме дека се повеќе граѓани ќе ги почувствуваат тие резултати, меѓутоа не многу брзо. Во Македонија имаме проблем со дистрибуцијата на ползите од економскиот раст. Значи, во Македонија, најголем број од користите кои произлегуваат од растот, не ги користат 60 – 70 насто од населението. Туку, некаде до 10 – 15 насто од населението, кои се во основа сопственичката структура во Македонија. Сега ние имаме сериозна политичка задача. Да го дисперзираме растот како корист на сите. Од овој раст од четири насто, најмногу сега бенефицираат оние кои не ги покачуваат платите, трошоците не им се зголемуваат, инфлацијата е иста, курсот на денарот е ист, цел раст оди во нивни профити, а профитите завршуваат кај сопственичката структура. Значи, треба да се обидеме тоа да го дисперзираме. Повеќе корист во нови работни места и повеќе корист кај сите оние кои не се сопственици. Тоа е предизвик за нашата влада.

Во земјава беше присутна делегација на ММФ. За што ги информиравте и до каде сме со обврските и реформите што треба да ги спроведеме?

Нивните оценки се совпаѓаат и со нашите. Нема да бидеме асинхрони. Фискалните, монитарните и јавните финансиски реформи одат во добар правец и покажуваат добри резултати. Структурните реформи напредуваат, во неекономските сектори, реформа на судството, па дури и во економски сектори како реформа на пазарот на работна сила. А дека во еден сектор реформите се одвиваат со поспоро темпо, отколку што сите би посакувале, а тоа е здравствениот сектор. Тоа е еден недостаток на кој се концентрирани и тие и ние.

Сметате ли дека во државава постои добра бизнис клима?

Недоволно добра. И затоа една од клучните структурни реформи е бизнис климата. Тоа е нешто што не се исправа многу брзо. Особено, сега имаме многу тела кои не се под контрола на владата. Со децентрализацијата општините добиваат големи надлежности. Од друга страна, во рамки на централната власт има многу независни органи еден од друг. Тие мора да се координираат. На пример, судството. Без ефикасно судство, нема ефикасна бизнис клима. Значи, сите овие елементи мора сега да функционираат како единствена стратегија и тоа е уверен сум следната голема задача на Република Македонија.

Може ли да се каже дека ова е причината што Македонија сеуште не може да достигне поголема висина на странски инвестиции?

Значи, ние прво немаме задоволително ниво на странски инвестиции, па дури може да кажеме дека имаме и ниско ниво на странски инвестиции. Но, да не заборавиме дека во земјите со кои најчесто се компарираме, најголемиот дел од странските инвестиции влезе во секторите кои беа јавни сектори и кои се приватизираа. Во телекомуникациските сектори, во енерегтските сектори, во комуналните инфраструктурни јавни претпријатија. Тој процес, за сега, во Македонија, не го има доживеано својот врв. Идниот е енергетскиот систем кој ќе се приватизира. Не целосно, се разбира. Тие ќе внесат многу нови странски инвестиции. Кога таа клима ќе се приспособи, кога странските инвестотори ќе бидат убедени дека партнерите не се исклучиво државата во нејзините економски афати, туку имаат и друг приватен сектор наспроти себе ќе бидеме чекор поблиску до нив. Но, за тоа треба многу работа. На пример, ние сега имаме отпор кон тие странски инвестиции. Нека се сфати како што се сака, но отпорот за продажбата на Дистрибуцијата е отпор кон странски инвеститори.

Го споменавме ЕСМ. Жестоки се реакциите во јавноста, зошто токму сега е потребна приватизација и најчесто се бара одговор на прашањето за што ќе се искористат парите од приватизацијата?

Зошто сега се приватизира ЕСМ во делот на дистрибуција. Почетокот на приватизацијата е и со почетокот на оваа влада, а тоа го почна и претходната влада. За што ќе се употребат средствата. Ќе бидат приход на буџетот на Република Македонија. Ние тоа не можеме да го предвидиме однаред од повеќе причини. Прво, затоа што не знаеме дали процесот на трансформација на дистрибуција ќе биде успешен, односно дали ќе заврши со приватизација. Ако заврши со приватизација, колку ќе бидат средствата. Моето уверување е дека процесот на трансформација ќе заврши успешно, за отприлика месец до месец и пол, колку што е целата процедура, а дека приходите со сите работи што се случуваат, дури станувам и песимист. Мојата проценка беше дека вредноста ќе биде не помала од 80 – 100 милиони евра. Меѓутоа, сега имам знаци и показатели, дека со ова што се случува, со вакви можности за делување на компаниите, некои од инвеститорите може да помислат дека не вреди да се инвестира во компанија во која десет луѓе може да ви ја блокираат работата. Затоа што сакаат регулирана средина во која се функционира. Не може да се затворени улиците, компаниите да не функционираат итн. Се плашам дека поради тоа може да дојде до намалување на понудата, а сега сме точно во таа фаза. Откако тоа ќе се знае, парите ќе влезат во буџетот. Тие ќе се употребат за повеќе намени. Тоа би сакал да го објаснам на јавноста. Во овој момент на пример девизните сметки само на Министерството за финансии, во моментов се околу сто милиони евра и тие служат за отплата на надворешниот долг. Ние нема да ги водиме посебно средствата кои ќе влезат од ЕСМ. Тие ќе влезат во тој куп. Кога ќе оцениме колку се депозитите и колку е издржливо Македонија со дефицит да финансира друга потрошувачка, откако ќе оцениме колку од нив треба да бидат компензација за постојниот надворешен долг, ќе ја соопштиме точната ситуација, со тоа што го прашувате.

На поинаква тема, околу даночната пирамида. Беа силни најавите и се актуелизираше овој проблем, се добива впечаток како да спласна. До каде е целиот процес?

Значи, процесот не е спласнат. Имаме поднесено пријави против повеќе од 300 компании и одговорните лица во тие компании. Вкупната вредност на затајувањето што е утврдено надминува повеќе десетици милиони евра. Дел од нив се наплатени, дел од нив во меѓувреме успеале се да испразнат и да не успееме да ги наплатиме, но се отворени кривични постапки и тоа е предадено на судовите. И тој процес нема да запре и ќе го продолжиме до крај.

Во јавноста имаше многу полемики околу правилниот начин на користењето на средствата од евро обврзниците, дали можеби не треба да се искористат за инвестиции. Кој е вашиот став?

Целта беше и тие се издадоа да се рефинансира надворешниот долг по подобри услови. Тоа го направивме. Сега Македонија помалку плаќа за отплаќање на стариот долг. Тоа граѓаните не може директно да го почувствуваат, но буџетските заштеди се огромни, што значи остатокот на средства ќе биде во корист на граѓаните.

Земјава се соочи со силни блокади. Последните од тутунарите. Но, тоа е случај речиси секоја година во време на откупната сезона. На кој начин владата размислува за субвенции во земјоделството и како би се решиле овие хронични проблеми во земјоделието?

Македонија има програма за поттокување на земноделството. Тутунското произвидство до моментов не се субвенционира од буџетот, но се субвенционираат многу други производи. Владата веќе го достави законот, во кој на продажбата на цигари, 2,7 денари ќе се одвојуваат за стимул во земјоделието. Значи, повеќе средства треба да се одвојуваат од буџетот за поттикнување на земјоделството. Буџетот мора да биде селективен, што ќе поттикнува. Но, не можеме се. Кај нас има случај кој како ќе му дојде време за откуп да бара државата да му го откупи родот целосно и да му плати по цена по која тие сакаат, а тие сметаат, колку ни треба за живот, толкава цена, а на пазарот владеат други критериуми. Колку вреди. И затоа мора трпеливо и координирано и со поголема доверба и помалку популизам да се создаваат средства таму каде што владата мисли да ги насочува.

На крајот, господине Поповски, кои се придобивките, но и очекувањата и одговорностите кои што не очекуваат на економски план по добивањето на кандидатскиот статус. Ве прашувам, затоа што се наоѓаме во изборна година, кога економијата по обичај е во втор план. Кои се вашите очекувања?

Мене ми е жал ова што го кажавте, а за жал е вистина. Дека во изборна година, настаните и реформите во економијата не се во втор план, туку во јавноста се во втор план. Значи, преокупирани се медиумите и јавноста со изборните активности кои следат. Прашавте, за ЕУ. Тоа ќе биде поттик за многу од надвор, повеќе да веруваат во македонската економија, повеќе да инвестираат и тиа ќе ја заживее и економијата.

Ова се очекувањата, а кои се одговорностите?

Тоа се и одговорностите на владата. Значи, одговорностите на сите нас драстично се зголемуваат, но и шанисте се зголемуваат. Е сега, колку брзо ќе одиме натаму, колку брзо тоа ќе го искористиме ќе зависи од многу фактори од којшто факторот и начинот на управување од страна на владата ќе биде првокласен.
XS
SM
MD
LG