Достапни линкови

Протести на неколку илјади исламски верници


„Алах е голем!“, со овие зборови, неколку илјади исламски верници во Скопје го изразија својот револт од објавувањето на карикатурата на пророкот Мухамед во западниот печат, со транспаренти на кои пишуваше „Мухамед е најсовршениот човек,“ толпата го започна протестот пред Јајапашината џамија по што се упати пред данскиот кокзулат, каде што под силно полициско обезбедување заврши протестот. Протестите се обиде да ги спречи водачот на вооружената група од Кондово Агим Красниќи и поранешниот припадник на ОНА, по кого е распишана и потерница, командант Лека

„Ова е на штета на албанскиот народ. Прекинете ги протестите и не ги блокирајте патиштата,“

се обидуваше да ја спречи толпата Красниќи.

Иако Исламската верска заедница неодамна ги осуди ваквите карикатури, од таму негираат какво било учество во денешниве протести.

„И нашите весници на муслиманите им се извинија. Целта е постигната и нема потреба на друг начин да се озразуваат чувствата на незадоволство,“

вели Јакуб Селимовски, генерален секретар на Исламската верска заедница

Редакциите на двата македонски весника кои ги објавија карикатурите добиле закани. Александар Дамовски, директор на дневниот весник „Време“ изрази жалење поради тоа што објавувањето на карикатурата во весникот повредило нечии чувства, но истакна оти фанатичното однесување кон нечиј лик или дело не треба да ја ограничи слободата на новинарско изразување.

„Не се работи само за некаква резервираност на Време. Ние само пренесуваме, не го правиме тоа ние. Нашиот карикатурист, и да ни донел таква карикатура, ние сигурно ќе ја објавевме. Жалиме што тоа некого повредува, но од друга страна, не можеме заради таквиот фанатизам во одбраната на нечиј лик и дело, заради тоа да се однесуваме поинаку како новинари, уредници и носители на слободната мисла во оваа држава.“

Поради најавените протести, министерството за внатрешни работи ги зголеми безбедносните мерки пред неколку странски претставништва.
XS
SM
MD
LG