Достапни линкови

logo-print

Деталите ќе бидат договорени дополнително


По најавата од владата дека ке се побара од хашкиот трибунал да се вратат четирите предмети и по нив да се постапува во земјава, од министерството за правда информираат дека деталите околу вракањето на случаите со киднапираните, работниците од градежното претпријатие Маврово, затварањето на липковската брана, и раководството на ОНА, ќе бидат договорени дополнително. За тоа пак како ќе тече постапка и кои судови ќе бидат надлежни, судиите велат дека треба да се видат новите правила, бидејќи предлог законот за судовите деновиве треба да влезе во собраниска процедура

„Ќе мора да почекаме да видиме што ќе бидат решенијата што се предложени и евентуално реакцијата во пратеничката расправа во врска со таквиот предлог. Во моментов не можам да кажам каква организација ќе има судството и кој предмет кој суд ќе го преземе,“

изјави Агим Мифтари, судија во Врховниот суд.

Правните експерти објаснуваат дека доколку сега се врати некој предмет пред новата организација на судството, тогаш случајот од Хаг го превзема надлежна владина институција, бидејќи трибуналот соработува со владите, потоа се предава на судот во кој била започната постапка. На пример за случајот со затворањето на Липковската брана тој ќе биде вратен во Основниот суд Скопје 2, а потоа судот комуницира со надлежното јавно обвинителство.
Судиите пак велат дека тие се подготвени да поставуваат по вакви предмети:

„Имаме капацитет за судење, но дали има политичка клима, тоа не е работа на судот, и надлежните треба да одлучат,“

изјави Вели Ведат претседател на Апелацискиот суд во Скопје.
Во последниот извештај на Мегународната кризна група се вели – меѓународната заедница и Македонија би требало да лобираат во хашкиот трибунал за да се одложи враќањето на четирите случаи барем до крајот на 2006( а најдобро би било до 2008) се додека соработката меѓу владата и оние кои донираат средства за брза реформа во судството не заврши, притоа вклучувајки ja и посебната обука на судии за тешки казнени дела, функционирањето на програмата за заштита на сведоци и слично.
XS
SM
MD
LG