Достапни линкови

logo-print

Телеком честеше за Кандидатскиот статус, но некои граѓани се „изгореа“


По добивањето кандидатскиот статус Телеком објави дека ќе ги почасти граѓаните кои сакаат да се јават во некоја од земјите на Европската Унија. Ова се однесуваше само на фиксната телефонија. Повиците се тарифира по национална тарифа. Сепак, неколку граѓани ни се обратија бидејќи им било наплатено по меѓународна тарифа. Елизабета Сушелска од Скопје често пати се јавува во Германија. Вели дека сакала да ја искористи понудата на Телеком, но кога стигнала сметката цената што требала да ја плати била повисока од вообичаено.

„Вообичаено плаќавме по две три илјади, тогаш дојде 4,800. Имаше минусирано 900 денари за тој ден, а останатото беше поголемо отколку вообичаено, а јас не зборував нешто повеќе.“

Од Телеком велат дека ги проверуваат сметките на граѓаните што се жалат. На сметките ја пишува цената која инаку би требало да се плати, а подолу и цената со попустот кој го дава Телеком. Една од сметките за која ги прашавме ја проверија и велат дека разговорот бил со земја од ЕУ, но на мобилен телефон.
XS
SM
MD
LG