Достапни линкови

Соработката со ММФ и Светската банка ќе биде потребна, велат експертите


Се додека во Македонија не постои заедничка стратегија за економски развој на земјата, консензус во однос на нејзиното имплементирање, како и спроведувањето на реформите, се дотогаш на македонската економија ќе и бидат потребни аранжманите од Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, велат домашните економски експерти, анализирајќи го еднодецениското искуство на македонската Влада во договорањето на аранжмани со овие меѓународни организации:

„Секако дека доколку Македонија донесе свои сопствени програми, конзистентна стратегија за економскиот развој, додека опстои на имплементацијата, да го подигне квалитетот на администрацијата за да го спроведе сето тоа, но и да постои политички воља да се спроведе одредена програма, во тој случај секако дека овие меѓународни организации нема да ни требаат. Но, се до тој степен додека постои чувство и потреба за одреден кридибилитет за некој да спроведе некаква програма, се до тогаш ММФ секако дека ќе ни треба.“

Потенцира Марјан Николов од Центарот за економски анализи.
Македонија има тригодиштен претпазлив стенд бај аранжман со ММФ и тригодишен реформски аранжман со Светската банка. Програмите за аранжманите бараат од македонската Влада спроведување на реформи во судството, пазарот на работна сила, бизнис климата, унапредување на монетарната политика како и здравството. Инаку токму бавните реформи кои се спроведуваат во здравството, беа најостро критикувани од ММФ при последните преговори за склучувањето на актуелниот аранжман на земјава со оваа институција. Реформите кои ги бараше Меѓународниот фонд резултираа со намалување за 30% на средствата во здравството, што пак, падна на товар на пациентите:

„Очекуваме пофалби сега со мерките кои почнаа да функционираат од јуни, имаме значително намалување на обврските кој изнесува цели 400 милиони помалку за разлика од претходната 2004-та година. Така да очекувам во иднина, да немаме критики од ММФ но, сега се соочуваме со негативнит критики од нашите осигуреници бидејќи го ограничивме трошењето.“

Вели директорот на Фондот за здравство Никола Пановски.
XS
SM
MD
LG