Достапни линкови

Пораст на економијата од десет насто


Кинеската економија во минатата година достигна пораст од десет насто. Тоа особено им донесе изобилство на луѓето кои живеат во градовите, но не и на оние во селата. Тие остануваат надвор од благодетите на пазарните реформи. Кинеското раководство сфаќа дека е потребна денационализација на земјиштето, но страхува од внатрешна нестабилност.

Кинеското раководство потроши многу години во напорите за индустриски и технолошки развој на земјата. Но, неодамна власта сфати дека се соочува со потенцијални социјални немири од селската популација, која е запоставена и живее во сиромаштија. Бројот на протсетите се зголемува. Само во минатата година тој изнесуваше скоро осумдесет и седум илјади. Официјалната новинска агенција Хсинхуа цитира извори во министерството за јавна безбедност кои велат дека Кина се соочува со долгорочни социјални протести.

„Има многу расправи околу социјалната правда. Тие разговараат, но не сторија многу, бидејќи корените на проблемот лежи во типот на режимот и на системот што егзистира. А тоа е оној кога локалните кадри имаат апсолутна моќ. “

Вели Жан Филип Бижа, експерт за Кина во Центарот за меѓународни истражувања со седиште во Париз, додавајќи дека ваквите силни локални партиски структури се основата на комунистичката контрола во земјата. Премиерот Вен Џиабоа засега не покажува волја тоа и да го промени.

„Тоа е прашање на реформа на системот, на реформа на режимот, на инсталирање демократија, а тоа е многу опасно. Владата е уплашена од појавата на автономни организации во кинеското општество, особено во селските предели. “

Наведува Бижа. Британскиот експерт Рена Мајтер пак, смета дека Пекинг има најмалку две стратегии како да го реши проблемот. Едната е да го скрши уште на почеток ваквиот процес, а втората е обнова на мрежата за социјална помош.

„Главниот проблем е тоа што во земја голема како Кина тоа е многу скапо. Станува збор за огромна работа. “

Вели Мајтер. Тој смета дека кинеското раководство веќе не се мотивира од марксистичката идеологија, туку од модерната социјална демократија како што се практикува во Сингапур каде што населението живее добро, но без поголеми политички слободи. Сепак експертите се сомневаат дека кинеските власти ќе имаат капацитет да го сторат истото во земја со скоро милијарда и триста милиони жители.
XS
SM
MD
LG