Достапни линкови

Египет: Стотици загинати во потонување на брод


Стотици роднини на патниците на вчера потонатиот египетски брод во Црвено море денеска лути го пробија полицискиот кордон во пристаништето Сафага сметајки дека немаат вистински информации за судбината на исчезнатите. Потрагата продолжува, но има се помалку надеж дека ќе се најдат уште преживеани патници. На бродот имаше околу 1400 патници, а досега потонувањето го преживеале 327 лица. Пронајдени се 185 тела.
XS
SM
MD
LG