Достапни линкови

Какво е значењето од учеството на македонски претставници?


Можност за лобирање по одредени стратешки прашања за државава како што се НАТО и ЕУ апирациите преку остварувањето на контакти со значајни лидери, американски сенатори и конгресмени, а воедно и можност за воспоставување на бизнис релации и развој на билатералните односи, вака генерално се оценува значењето од присуството на македонските политички претставници на националиот молитвен појадок што традиционално во организација на американкиот Конгрес и Сенат се одржува во Вашингтон. Пренесувајќи ги искустватата, пратеникот Андреј Жерновски од Либерално демократската партија кој пред неколку години присуствуваше на оваа т.н. неформална средба вели дека освен долгорочните цели за земјата користа од присуството на домашните политички претставници на молитвениот појадок, зависи и од индивидуалниот пристап:

„Во секој случај ние се повеќе имаме специјален третман таму, затоа што тоа се чувствува. Она што е битно е што сега и Европската Унија презема слична иницијатива да има доручек и во Брисел, но сепак ќе кажам дека од индивидуалецот кој е присутен сепак најмногу зависи колку ќе биде корисна таа средба.“

Како член на делегацијата на ВМРО ДПМНЕ присуство на оваа неформална средба има забележано и Оливер Шамбевски од оваа партија. За значењето и искуствата тој говори:

„Таму покрај политичари секоја година учествуваат и значајни бизнисмени и што е можеби најбитно, влијателни лобисти.“

Според експертите пак, дополнително значење, но воедно и потреба да бидат остварени што поголем број на контакти во рамки на молитвениот појадок е од посебна важност затоа што македонски делегации ретко имаат можност да учествуваат и на други значајни светски настани:

„Мислам дека е значајно што има и наши учесници, но неочекувам конкретни придонеси во форма на инвестиции и договори, меѓутоа контактите се многу значајни, особено што не нема на други значајни места како што се Давос, Салзбруг итн.“

Вели професорот од Факултетот за општествени науки Димитар Мирчев.
Односите на Македонија со Соединетите држави се оценуваат како традиционално добри. Државава ја има подршката од САД за НАТО и ЕУ интеграциите, под американско покровителство беше потпишана и Јадранската Повелба, а односите Македонија-Америка ги одбележува и признавањето на уставното име на нашата земја од страна на Соединетите држави.
XS
SM
MD
LG