Достапни линкови

Виена: Започна состанокот на Меѓународната агенција за атомска енергија


Бордот на гувернерите на Агенцијата за атомска енергија денеска во Виена ја започна сесијата посветена на иранската нуклеарна програма. При тоа се разгледува опцијата случајот да биде префрлен во Советот за Безбедност на Обединетите Нации кој би можел да воведе санкции спрема Иран. Техеран од своја страна се закани дека доколку тоа се случи ќе ја прекине соработката со Агенцијата и ќе започне масовно производство на обогатен ураниум кој пак може да се употреби како гориво за нуклеарни централи но и како материјал за атомска бомба.
XS
SM
MD
LG