Достапни линкови

Спротивни резултати за рејтингот на партиите


Не е невообичано располежението на граѓаните за краток временски период се смени драстично велат дел од аналитичарите коментирајки ги последните резултати од анкетата на ИРИ за рејтингот на политичките Партии. Според истатата анкета опозициската ВМРО ДПМНЕ води со 24 посто наспроти СДСМ која ја ужива подршката од 20 процети од населението додека изненадувачки е рејтингот на ДУИ кои е дури и поголем од СДСМ таа се рангира на второто место со 22 насто:

„Социјалната состојба сеуште оди надолу. Недовербата кон партиите оди нагоре. И уште загрижувачко е тоа што довербата кон државните институции е помала. Сите овие фактори влијаат, како граѓаните ќе се ориентираат за идните парламентарни избори. Затоа, на партиите на власт им треба свежина и програми кои ќе нудат повеќе. Сега може секој со секого да коалицира,“

вели аналитичарот Назми Малиљи професор во Универзитетот на Југоисточна Европа во тетово. Малиљи не се согласува со ставовите не нкои од неговите колеги дека во предизборна година треба да се избегнуваат анкетите бидејки во прашање се доведува релевантноста на истата.

„Ние сеуште не сме во предизборие. Овие показатели што се објавуваат сеуште се корисни. Користат и на политичките партии и позрело граѓаните да се одлучат.“
„Политичките партии треба да престанат да си ги мерат рејтинзите, особено власта, и да пробаат да направат нешто земјата да не биде жртва на нивните предизборни препукувања,“


велат Назми Малиќи и Ѓунер Исмаил. Според последната анкета на ИРИ се бележи зголемување на рејтингот на партијата на Тито Петковски кој сега изнесува виоки осум проценти за една доскоро формирана партија Нова Соцјал демократска парртија. И рејтингот на албанската опозициска партија ДПА која реши да се врати во Собранието и другите државни институции иснесува 8 проценти.
XS
SM
MD
LG