Достапни линкови

Техеран: Иран ќе ги издржи западните притисоци и ќе ја комплетира нуклеарната програма


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат изјави дека Иран ќе ги издржи западните притисоци и ќе ја комплетира својата нуклеарна програма. Тој повтори дека Иран има право на нуклеарна енергија за мирољубиви цели. Во меѓувреме, британскиот шеф на дипломатијата Џек Строу изјави дека Иран има последна шанса да ги исполни нуклеарните обврски. Строу најави дека ќе се состане со иранскиот министер за надворешни работи, а во Тхеран отпатуваа замениците шефови на дипломатиите на Кина и на Русија.
XS
SM
MD
LG