Достапни линкови

Москва: Путин целосно задоволен од економските и политичките резултати на земјата


Рускиот претседател Владимир Путин на денешната прес конференција во Москва изјави дека целосно е задоволен од економските и политичките резултати на земјата во минатата година. Тој прецизира дека порастот на општествениот производ изнесувал скоро шест ипол проценти и оти нивото на златните резерви го достигнале рекордното ниво од над сто осумдесет и пет милијарди долари. Путин оцени и дека минатогодишната воена интервенција на узбекистанските сили во Андиџан помогнало за спречување на ширењето на насилствата во Централна Азија.
XS
SM
MD
LG