Достапни линкови

Состанок на Блискоисточната четворка за новата влада на Хамас


Претставници на таканаречената Блискоисточна четворка денеска во Лондон ќе разговараат за новата палестинска влада предводена од Хамас. Четворката составена од Европската Унија, Обединетите Нации, Соединетите Држави и Русија всушност, како што се дознава, ќе дискутираат дали финансиски и политички да ја изолираат оваа милитантна група. На оваа тема во Брисел ќа расправаат и шефовите на дипломатиите на Европската Унија. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека Вашингтон не треба да ја финансираа хамасовата влада.
Дипломатските напори за решавање на иранското нуклеарно прашање продолжуваат денеска во Брисел каде што престојува вториот човек на иранскиот преговарачки тим Џавад Ваеди. Предвидено е тој да се состане со преговарачите на Британија, Германија и Франција, тројката која ги предводи европските обиди за решавање на кризата. Во Техеран е соопштено дека Ваеди не носел нови предлози и оти ќе го бранел правото на Иран да поседува нуклеарна енергија за мирољубиви цели. За иранската нуклеарна програма ќе се разговара и на денешниот состанок во Лондон на шефовите на дипломатиите на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации, плус на Германија.
XS
SM
MD
LG