Достапни линкови

Багдад: Продолжува судењето на Садам Хусеин


Во Багдад продолжува судењето на поранешниот ирачки председател Садам Хусеин. Според првичните извештаи Садам и неговите седум соработници ја напуштиле салата. Судскиот процес го води новиот судија Раоф Рахман. Тој доаѓа на местото на Ризгар Амин, кој поднесе оставка поради политичкиот притисок од владините претставници да го забрза процесот. Хусеин и неговите седум советници се обвинети за убиство на 148 шиити во селото Дуџаил во 1982 година.
XS
SM
MD
LG