Достапни линкови

Багдад: Најмалку 11 загинати во експлозија на бомба


Најмалку 11 лица загинале во експлозија на бомба која се случила пред една продавница во ирачкиот град Искандариј, јужно од Багдад. Според полициски извори во несреќата била повредени најмалку пет лица. Исто така четири ирачки војници загинале во денешниот самоубиствен напад во северниот град Тикрит. Непосредно пред тоа, шест други војници биле ранети во друг напад.
XS
SM
MD
LG