Достапни линкови

logo-print

Катовице: Најмалку 60 загинати во уривање на покривот на саемска хала


Најмалку 60 луѓе загинале, а повеќе од 141 се повредени кога синоќа се сруши покривот на најголемата хала на саемот во полскиот град Катовице. Како што јавуваат агенциите, ова не е конечниот биланс од несреќата која била предизвикана од тежината на снежната покривка. Во моментот во салата имало околу 500 посетители на изложба. Спасувачките екипи веќе 13 часа работат на терен, но нивната работа е отежната од ниските температури кои се спуштиле до дваесест степени под нулата. Од 22 часот синоќа не е пронајдено ниту едно преживеано лице.
XS
SM
MD
LG