Достапни линкови

Власта повторно ветува милиони долари инвестиции, опозицијата не очекува промени


Mоже ли годинава да се очекува подобрување на состојбите во економијата. За опозицијата самиот факт што е ова изборна година ги релативизира шансите за економски чуда. И 2005-та беше лоша вели либералот андов, би било успех ако годинава во најдобар слу;ај успееме да го задржиме минатогодишниот рас од околу 3,5 насто.

„Изборна година е. Мислам дека вниманието на надлежните органи ќе ослабне. Дури и да бидат 9 јули изборите, тоа значи дека уште барем два месеци нема да се работи ништо сериозно за економијата,“

Екс министерот Марјан Ѓорчев страва дека гоиднава всушност ке бидат забавени сите економски потфати не очекувајќи повидливи резултати

„Очекувам продолжување на трендот од минатите три години. Ригидна монетарна политика, стабилен курс на денарот, малку инвестиции, со оглед на тоа што приватизацијата на ЕСМ ќе биде проблематична, бројот на невработените ќе остане ист.“

„Се плашам да не доживееме дополнително непријатно изненадување. Ме загрижува приватизацијата на ЕСМ и може во уште поголема сиромаштија да ги фрли граѓаните.“


вели Лилјана Поповска од ДОМ. Сепак, власта имаа далеку пооптимистики очекувања. Да продолжат позитивните трендови во македонската економија, по изминатите три и годинава да продолжи последоватлениот раст со околу четири насто, вели министерот Никола Поповски.

„Очекуваме продолжување на економскиот раст и намалување на бројот на невработените. Странските инвестиции ќе се зголемат пред се како производ на приватизациите на јавниот сектот, и ако се додадат директните странски инвестиции кои би резултирале врз основа на прогресирање врз основа на прогресирање кон Европа, тогаш очекуваме 400 милиони долар директни странски инвестиции,“

Андов пак смета дека Статусот каднидат сам по себе нема да придонесе ништо ако не се засилат реформите што се бараат од Македонија:

„Ако сега не настанат сериозни промени за вградување на европските стандарди, не може да се очекуваат странски инвестиции и подобрување на економската состојба.“

„Има многу економски реформи кои ќе опфатат не само економски, туку и вон економски сектори, како судство и државна администрација, но се со цел подобрување на состојбата во Македонија,“


вели министерот Поповски.
XS
SM
MD
LG